Nokia Asha 302 - Кодови за пристап

background image

Кодови за пристап

PIN или PIN2 код

(4-8 цифри)

Можете да го поставете Вашиот телефон да бара PIN код

кога го вклучувате.

Ако кодот не Ви е доставен со Вашата картичка или ги

заборавивте кодовите, контактирајте со Вашиот оператор

на услуги.

Ако трипати по ред напишете погрешен код, треба да го

одблокирате кодот со PUK или PUK2 кодот.

PUK или PUK2 код

(8 цифри)

Овие се потребни за да го одблокирате PIN или PIN2 кодот.

IMEI број

(15 цифри)

Ова се користи за идентификација на важечките телефони

во мрежата. Бројот, исто така, може да се користи за

одблокирање, на пример, на украдени телефони. Исто така,

можеби ќе треба да го дадете бројот на услугите на Nokia

Care.

За да го видите Вашиот IMEI број, бирајте *#06#.

Код за

заклучување

(безбедносен код)

(мин. 5 цифри)

Ова Ви помага да го заштитите Вашиот телефон од

неовластена употреба.

Можете да го поставете Вашиот телефон да бара код за

заклучување кој што ќе го дефинирате. Зададената шифра

за заклучување е 12345.

Новиот код чувајте го во тајност и на безбедно место,

подалеку од Вашиот телефон.

Ако го заборавите кодот и Вашиот телефон е заклучен,

телефонот морате да го однесете на сервис. Можат да се

применат дополнителни трошоци и можно е сите лични

податоци во Вашиот телефон да бидат избришани.

За повеќе информации, контактирајте со Nokia Care или со

продавачот на телефонот.