За Bluetooth конективноста
Одберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Конективност
>
Bluetooth
>
Вклучи
.
Можете да се поврзете безжично со други компатибилни уреди, како телефони,
компјутери, слушалки и сетови за во автомобил.
Можете да ја користите конекцијата за да испраќате објекти од Вашиот телефон,
да копирате датотеки од Вашиот компатибилен компјутер и да печатите датотеки
со компатибилен печатач.
Бидејќи уредите со Bluetooth безжична технологија комуницираат користејќи
радио бранови, тие не мора да бидат во директна линиска врска. Како и да е, тие
мора да бидат оддалечени најмногу 10 метри (33 стапки) еден од друг, иако
конекцијата може да биде попречена од некои пречки како што се ѕидови или
други електронски уреди.
Кога телефонот е заклучен, можно е да се поврзете само со спарен уред што е
поставен на
Авто. поврзување
.
Совет: За брзо да пристапите до Bluetooth прилагодувањата, во почетниот екран,
притиснете и задржете на копчето Bluetooth .
Забелешка: Може да постојат ограничувања за користењето на Bluetooth
технологијата во некои држави. На пример, во Франција, дозволено е користење
на технологијата Bluetooth само во затворен простор. По 1. јули 2012 година,
22
Конективност
ограничувањата за надворешна употреба на технологијата Bluetooth на овој
производ во Франција ќе бидат повлечени од страна на ЕУ. За повеќе
информации, контактирајте ги Вашите локални власти.