Пишување со тастатурата
Вашиот телефон има целосна тастатура.
1
Копче за функција. За да вметнете специјални знаци што се отпечатени на
копчињата, притиснете го копчето за функција, а потоа притиснете го
соодветното копче. За да внесете неколку специјални знаци последователно,
притиснете го копчето за функција двапати. За да се вратите во нормалниот
режим, притиснете на копчето за функција.
2
Копче shift. За да се префрлувате помеѓу режимите на големи и мали
букви, притиснете го копчето shift двапати. За да внесете една голема буква
6
За почеток
додека сте во режимот на мали букви или една мала буква додека сте во
режимот на големи букви, притиснете го копчето shift, а потоа изберете ја
саканата буква.
3
Копче за симболи. За да внесете специјални знаци што не се прикажани на
тастатурата, притиснете го копчето за симболи и одберете го саканиот знак.
4
Копче backspace. За да избришете знак, притиснете го копчето
backspace. За да избришете неколку знаци, притиснете и задржете го
копчето backspace.
5
Копче enter. За да го поместите покажувачот во следниот ред или во полето
за внесување текст, притиснете го копчето enter. Дополнителните функции
се базираат на моменталниот контекст.
6
Копче ctrl. За да копирате, исечете или залепите одберен текст, додека го
притискате и држите копчето ctrl, притиснете C, X или V. За да одберете
целиот текст, додека го притискате и држите копчето ctrl, притиснете A.
Вметнување варијација на некоја буква
На пример, можете да вметнувате букви со акценти. За да вметнете á, притиснете
и задржете го копчето за симболи, а потоа постојано притискајте на A, додека не
се појави саканата буква. Распоредот и достапноста на буквите зависат од
одбраниот јазик за пишување.