Вметнување мемориска картичка
Користете само компатибилни мемориски картички, одобрени од Nokia за
користење со овој уред. Некомпатибилните картички може да ја оштетат
картичката и уредот или податоците зачувани на картичката.
Вашиот телефон поддржува мемориски картички со капацитет до 32 GB.
8
За почеток
1 Отворете го капакот на отворот за мемориска картичка (1).
2 Осигурете се дека областа за контакт на мемориската картичка е свртена
надолу и вметнете ја картичката (2). Притиснете ја картичката, сè додека не
се заклучи на своето место.
3 Затворете го капакот на отворот за мемориска картичка (3).
Отстранете ја мемориската картичка
Притиснете ја картичката навнатре, додека не се отклучи, и извлечете ја
картичката надвор.